ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОТСТАНИЦИТЕ И РАДИЈАТОРИТЕ, ПОЧНУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Ако утрата се постудени од 12 степени парното може да се пушти порано

За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници.

104

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).






До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР.

– Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина – велат од ЕСМ Снабдување.

За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници.

– Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални. Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија – додаваат од ЕСМ.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување.

За информации, пријава на дефекти и известување за завршени интервенции, потрошувачите можат да се обратат на:

Центар за грижа на потрошувачи: 02 3076 200 и 075 400 100

Служби на ЕСМ Енергетика: 02 3104 816 и 02 3104 872

Поврзани содржини