ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Оценка на кандидатот на Трамп за иден аммбасадор во Бугарија

Проблемите меѓу овие две земји се донекаде сложени. Односите што САД ги имаат со двете земји се добри – рече номинираниот аммбасадор Даглас Холдер.

1

Во интерес на САД е Македонија да успее да се приклучи кон Европската Унија – оцени кандидатот за нов амбасадор на САД во Бугарија Даглас Холдер (59), номиниран од претседателот Доналд Трамп, во сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот

Членовите на Комитетот го прашаа номинираниот амбасадор за неговиот став во врска со улогата на Вашингтон во убедувањето на Бугарија да не го блокира патот на Македонија кон европските интеграции.






– Проблемите меѓу овие две земји се донекаде сложени. Односите што САД ги имаат со двете земји се добри. Тоа е тешка задача, бидејќи не сакаме да ја изгубиме врската со ниту една од нив со тоа што би се вклучиле во спорот што го имаат меѓу себе.

Мојата намера, доколку бидам потврден, би била да ги одржувам односите меѓу двете држави, разговарајќи со нивните лидери и поттикнувајќи одредено меѓусебно разбирање, за да можат да ја постигнат поставената цел – изјави Холдер.

За време на сослушувањето Холдер одговори потврдно на потпрашањето на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот  дали во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ?

Холдер рече дека, доколку неговата кандидатура биде одобрена, ќе стави акцент на економијата и можностите за трговски и деловни врски меѓу САД и Бугарија.

Даглас Холдер (59) е бизнисмен и долгогодишен републикански политичар од Флорида, кој бил член на Претставничкиот дом на Флорида, како и на повеќе функции на локално ниво. Неговите деловни активности се во сферата на недвижности, лобирање и консалтинг.

Даглас Холдер, САД, Бугарија, Македонија, ЕУ, Европска Унија, Доналд Трамп, американски амбасадор, американска политика, американско-бугарски односи, македонско-бугарски односи,

Поврзани содржини