НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 5 ДО 11 ОКТОМВРИ Љубовен пресврт за Овните, пари за Биковите, проблеми за Вагите и Јарците

Лавот го очекува страсна средба, но и проблеми со семејството. Шкорпијата решава финансиски проблеми.

154

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Северниот Месечев јазол во полето на плановите и парите на 6 октомври прави секстил со Лилит во деветтото поле, што ви носи добивки преку патувања, образование, правни прашања и контакти со странци. Конјункцијата на ретроградната Венера и Меркур во полето на парите на 7 октомври ви отвора можност за зголемување на приходите преку инвестиции или започнување бизнис со наследени пари или недвижен имот.

Љубов: Младата Месечина, која управува со вашиот приватен живот, на 17-тиот степен на Вага – степен кој ја симболизира љубовта – во знакот на партнерските односи, на 10 октомври ви носи пресврт во односот со саканата личност. Поради тоа, може да се најдете пред донесување важна емотивна одлука. Слободните Овни ги очекува средба со Вага.

Здравје: Дополнителна претпазливост во сообраќајот.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласено поле на работата, оваа недела сте фокусирани на работните задачи, особено на 10 октомври, во време на младата Месечина во полето на работата. Спојот на Меркур и вашиот владетел Венера, планетата на бизнисот и парите, на осмиот степен – степенот на парите – во Шкорпија, знакот на парите, на 7 октомври предупредува на финансиски проблеми и непланирани трошоци. Послушајте го советот на Јарец или Рак.

Љубов: Аспектите на Лилит, симболот на еротичноста, на 6 октомври на слободните Бикови им носат средба со некого преку деловни контакти. Конјункцијата на планетите на комуникацијата и љубовта во полето на партнерските односи, во средината на периодот, предупредува на можност за прекин на контактот со саканата личност, раскинување, па дури и развод.

Здравје: Воведете поздрави навики.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласено поле на креативноста, оваа недела ве очекува успех во приватниот бизнис или јавната дејност, како и зголемување на приходите, особено кон крајот на периодот. Конјункцијата на ретроградната Венера и вашиот владетел Меркур во полето на работата на 7 октомври го става фокусот врз работните обврски и реорганизацијата на задачите. Имате можност да ги претворите вашите нови идеи и замисли во реалност.

Љубов: Лилит во полето на партнерствата на 6 октомври прави секстил со Северниот Месечев јазол, што на слободните Близнаци им носи средба на патување. Во време на младата Месечина во полето на љубовта, која се случува еднаш годишно, а оваа година на 10 октомври, можете да влезете во нова врска, а се зголемуваат и можностите за проширување на семејството.

Здравје: Хронични проблеми.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Поволниот аспект меѓу Северниот Месечев јазол во полето на парите и Лилит во полето на работата на 6 октомври ви носи можност за зголемување на приходите. Во првата половина од неделата можете да завршите важни финансиски прашања, како што се поделба на имот, добивање кредит или остварување право на алиментација. Кон крајот на неделата треба повеќе да внимавате на вредните ситници.

Љубов: Конјункцијата на Меркур и ретроградната Венера на степенот на страста, во полето на емотивниот живот, на 7 октомври на слободните Ракови им навестува влегување во врска. Младата Месечина, вашиот владетел, во полето на приватниот живот на 10 октомври прави опозиција со Сатурн, што носи конфликти, кавги и расправии со членовите на семејството.

Здравје: Нервоза.

Лав (23.7 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Во време на младата Месечина во полето на комуникацијата и бизнисот, на 10 октомври, можете да остварите помала заработка преку кратко патување или потпишување договор. Сепак, опозицијата со Сатурн, планетата на ограничувањата и пречките, ја забавува реализацијата на договорите и правните прашања, како и судските спорови. Некој се обидува да го намали вашиот успех, но тоа нема многу да влијае врз вас бидејќи добро знаете колку вредите.

Љубов: Секстилот меѓу Лилит во полето на љубовта и Северниот јазол во полето на партнерствата на 6 октомври навестува страсна средба. Меркур, планетата на комуникацијата, во полето на приватниот живот на 7 октомври се спојува со ретроградната Венера на степенот на конфликтот, што носи семејни конфликти и кавги, особено со жени.

Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Северниот Месечев јазол во полето на работата на 6 октомври прави секстил со Лилит, што ви носи можност за зголемување на приходите преку приватен бизнис, недвижности и нови инвестиции. Младата Месечина, која управува со вашите финансии, во полето на парите на 10 октомври прави опозиција со Сатурн, планетата на ограничувањата, што предупредува на поголеми трошоци. Послушајте го советот на Шкорпија.

Љубов: Спојот на вашиот владетел Меркур и ретроградната Венера, планетата на флертот и љубовта, во полето на комуникацијата на 7 октомври може да разбуди стари чувства и да донесе романтична преписка со поранешниот партнер, а потоа и средба со него. Зафатените Девици ги очекува подобрување на односите со брачниот или долгогодишниот партнер.

Здравје: Воведете поздрави навики.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Почетокот на неделата носи признанија и награди за Вагите кои се занимаваат со уметност, мода или јавна дејност. Вашиот владетел Венера, која управува и со вашите финансии, на 7 октомври прави конјункција со Меркур во полето на парите, што предупредува на непланирани трошоци. Кон крајот на периодот можни се конфликти со претпоставени и авторитети, особено со жени. Послушајте го советот на Водолија.

Љубов: Секстилот меѓу Северниот Месечев јазол во полето на љубовта и Лилит на 6 октомври на слободните Ваги им навестува влегување во страсна романса. Во време на младата Месечина, симболот на емоциите, која еднаш годишно се наоѓа во вашето поле на личноста, а оваа година на 10 октомври, може да се најдете пред донесување важна одлука.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Ретроградното движење на Венера, планетата на парите, низ вашиот знак на почетокот на периодот ви носи финансиски проблеми и непланирани трошоци. Во време на младата Месечина во полето на фантазијата, идеите и интуицијата, на 10 октомври, успех ги очекува Шкорпиите кои се занимаваат со уметност или со професии поврзани со медицината, фармацијата и науката. Би требало да го послушате советот на Бик или Риби.

Љубов: Секстилот меѓу Северниот јазол во полето на приватниот живот и Лилит на 6 октомври позитивно влијае врз семејните односи. Со ретроградната Венера, владетелот на партнерските односи, која на 7 октомври се спојува со Меркур во вашиот знак, ве очекуваат повеќе излегувања и дружења со пријателите. Можно е повторно да воспоставите контакт со поранешна симпатија.

Здравје: Потреба за интроспекција.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласено поле на плановите, парите и амбициите, оваа недела имате можност за зголемување на приходите преку нови извори на заработка. Во време на младата Месечина во полето на парите, на 10 октомври, ќе ви биде потребен поголем напор за да завршите некои финансиски прашања, поделба на имот, кредит или остварување право на алиментација. Сепак, ќе можете да заработите од некои ваши идеи и замисли.

Љубов: Лилит, симболот на заводливоста и еротичноста, во вашето поле на личноста на 6 октомври прави секстил со Северниот Месечев јазол, носејќи ви средба на кратко патување или преку интернет. Конјункцијата на Меркур и ретроградната Венера во полето на тајните на 7 октомври носи романтичен контакт со поранешниот партнер.

Здравје: Потреба за интроспекција.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Веќе на 6 октомври имате можност за зголемување на приходите. Со нагласено поле на кариерата оваа недела ве очекуваат конфликти со колегите и претпоставените, кои можат да кулминираат во време на младата Месечина на 10 октомври. Планетата на договорите во полето на плановите во средината на периодот ве насочува кон општествен или политички ангажман, но бидете повнимателни на кого му ја давате довербата.

Љубов: Почетокот на периодот ви носи тајна средба со некого кој е зафатен. Планетата на љубовта, која управува со вашиот емотивен живот, во полето на општествениот живот на 7 октомври се спојува со планетата на комуникацијата, носејќи ви повеќе излегувања и дружења со пријателите. Можно е да стапите во контакт со поранешниот партнер преку социјалните мрежи.

Здравје: Подложност на повреди на работното место.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Меркур, кој управува со вашите финансии и креативност, на 7 октомври се спојува со ретроградната Венера во полето на кариерата, што носи конфликти на работа и стагнација. Во време на младата Месечина на 10 октомври ве очекува успех преку патувања, испити, правни прашања, потпишување договори, нови извори на заработка или унапредување на приватниот бизнис. Сепак, бидете внимателни со инвестициите.

Љубов: Северниот Месечев јазол во вашиот знак на 6 октомври прави секстил со Лилит во полето на општествениот живот, носејќи ви повеќе излегувања и дружења со пријателите, како и нови средби и познанства. Аспектите на планетата на љубовта на почетокот на периодот повторно ги отвораат нерешените проблеми со емотивниот партнер.

Здравје: Урогениталниот тракт.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: На 6 октомври ве очекуваат добивки преку неконвенционални извори на заработка. Со Меркур, кој управува со вашата кариера, во деветтото поле на 7 октомври ги решавате заостанатите правни прашања и обврски поврзани со подолго патување или факултет. Нагласеното поле на парите, во кое се наоѓа и владетелот Нептун, предупредува на финансиски проблеми, особено во време на младата Месечина на 10 октомври.

Љубов: Конјункцијата на планетата на комуникацијата и ретроградната Венера во средината на периодот на слободните Риби им носи можност за запознавање со интересна личност на подолго патување, семинар, предавање или преку социјалните мрежи. Зафатените Риби ги очекува средба со поранешниот партнер, кој покажува желба повторно да влезе во нивниот живот. поранешниот партнер во вашиот живот.

Здравје: Задржување течности во организмот.

Поврзани содржини