11 БЕЗ ПОЛОЖЕН ИСПИТ, 10 ПОД АЛКОХОЛ Полицијата лиши од слобода 21 возач

Меѓу лишените од слобода има 11 лица кои возеле без положен возачки испит и 10 кои управувале под дејство на алкохол, соопшти МВР.

0

Дваесет и еден возач биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи. Со уште едно лице бил извршен службен разговор поради управување мопед без возачка дозвола.

Од 21 лишен од слобода, 11 возеле без положен возачки испит, додека 10 управувале под дејство на алкохол.






Без положен возачки испит возеле Н.М. (41) од Сарај, А.Р. (25) од Батинци, Х.Ш. (35) од Неготино, гостиварско, 16-годишник од Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С. (31) од Ковач, Македонски Брод, А.Д. (32) од Корошишта, Струга, Ќ.С. (62) од Градско, како и Е.Ј. (27), Е.Д. (43) и Н.Ј. (22) од Скопје. Кај Н.Ј. е утврдено и возење со брзина поголема од дозволената.

Под дејство на алкохол биле затекнати Д.Д. (39) од Кумановско, С.К. (40) од Ињево, Радовишко, Г.И. (31) од Дулица, Македонска Каменица, О.В. (27) од Македонска Каменица, М.У. (44) од Кичево, Д.М. (24) од Брвеница, Тетовско, З.С. (54) од Скопје, Н.З. (64) од Битола, А.Н. (46) од Прилеп и С.Ј. (66) од Селце, Прилепско.

Полицијата во Македонски Брод го затекнала и В.Д. (37) како управува патничко возило иако имал активна забрана за управување возило од категоријата Б.

Во Пробиштип, пак, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со 16-годишник од Приковци, Кратовско, кој управувал мопед без возачка дозвола.

Од МВР велат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата повторно апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возила без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол.

Поврзани содржини