НОВ РОД НА 4 ВИДОВИ ИНСЕКТИ ИМЕНУВАНИ СПОРЕД ТЕЈЛОР СВИФТ Инсектите се бледожолти со црвени детали како црвените усни и русата коса на пејачката

Потребни беа многу години за новооткриените инсекти да ги добијат своите имиња, иако беа откриени помеѓу 1995 и 2004 година како дел од проект за биодиверзитет спроведен од американски и австралиски истражувачи.

47

Научниците одлучија да именуваат четири новооткриени видови инсекти по американската ѕвезда Тејлор Свифт, а тие се животни кои припаѓаат на нов род наречен Swiftiephylus, објави оваа недела Универзитетот во Калифорнија во Риверсајд.

Во рамките на тој род, експертите идентификуваа четири видови кои ги именуваа по пејачката и нејзините албуми: Swiftiephylus taylorae, Swiftiephylus amator, Swiftiephylus intrepidus и Swiftiephylus poetorum.






Имињата претставуваат латински верзии на името „Тејлор“ и имињата на албумите „Љубовник“ и „Безстрашен“, како и терминот „поети“ што се однесува на албумот „Одделот за мачени поети“.

Универзитетот вели дека животните припаѓаат на група инсекти познати како „меки бубачки“ поради нивните меки крилја.

Докторантката Сара Шредер, коавторка на научниот труд, се надева дека ова именување на инсектите ќе го привлече вниманието на јавноста кон важноста на зачувувањето на инсектите, објави универзитетот.

„Како долгогодишен обожавател на Тејлор Свифт, позната и како Свифти, се чувствуваше природно и искрено да ја почестиме на овој начин, но исто така и да привлечеме внимание кон сè уште неоткриената разновидност на инсекти“, пишува во соопштение објавено од универзитетот.

Шредер објасни дека дополнителна причина зошто ги именувала инсектите по Свифт е нивниот изглед.

-На нивните светли тела, тие имаат црвеникаво-портокалови структури кои личат на цветовите од растението Алокасуарина. Карактеристичниот изглед на Тејлор Свифт е руса коса и црвени усни. Овие инсекти се бледо жолти по боја со црвени детали“, објасни таа.

Потребни беа многу години за новооткриените инсекти да ги добијат своите имиња, иако беа откриени помеѓу 1995 и 2004 година како дел од проект за биодиверзитет спроведен од американски и австралиски истражувачи. Потоа експертите собраа 50.000 примероци кои мораа да бидат сортирани, проучени и идентификувани.

Поврзани содржини