АКО СДСМ ПОБАРА ИЗБОРИ, ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

94

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

– Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе барање во Парламанетот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме – потенцира Мицкоски по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврологија.






Опозицискиот СДСМ претходно реагираше дека не сака да биде алиби на власта за предвремени избори.

Поврзани содржини