САУДИСКА АРАБИЈА ИЗВРШИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ЈЕМЕН Целта е градот Мока, заземен од Хутите

Со заземањето на Мока, сојузниците на Иран, Хутите, би можеле посистематски да го напаѓаат и блокираат бродскиот сообраќај во Црвеното Море.

0

Саудиска Арабија изврши два воздушни напади врз аеродромот во јеменскиот град Мока, кој од вчера е под контрола на бунтовниците Хути.

„Саудискиот непријател изврши два напади врз аеродромот во Мока“, јави телевизијата Ал Масира, која е поврзана со јеменските бунтовници.






Хутите вчера го зазедоа пристанишниот град Мока, лоциран северно од теснината Баб ал-Мандаб, што од почетокот на војната во Иран се користи како алтернативна трговска рута на блокираната Ормуска Теснина. Баб ал-Мандаб е од посебно значење за Саудиска Арабија, клучен сојузник на САД во регионот.

Хутите веќе контролираат клучни транспортни центри во областа. Со заземањето на Мока, сојузниците на Иран, Хутите, би можеле посистематски да го напаѓаат и блокираат бродскиот сообраќај во Црвеното Море.

Претходно денеска Иран побара од Саудиска Арабија да го почитува суверенитетот на Јемен и да ја да ја прекине блокадата.

Во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи се наведува дека Ријад мора да го почитува суверенитетот на Јемен и оти проблемите не можат да се решат со блокади или воени сојузи.

Тоа е прва официјална реакција на Техеран, откако јеменските бунтовници вчера го зазедоа пристанишниот град Мока. Иран соопшти и дека е подготвен да пружи поддршка во преговорите.

Поврзани содржини