ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ГОСТИВАР, СТРУГА, КИЧЕВО… Нестабилна маса попладнево се движи низ земјава

85

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше развој на нестабилни облачни маси кои зафатија повеќе региони низ државата.

Регионот на Гостивар и планинските предели северозападно од Струга и западно од Крушево се зафатени со нестабилна облачна маса.






Според радарската слика има нестабилна облачна маса на крајниот северозапад, проследена со засилен ветер, грмежи и дожд. Слаба нестабилност има и јужно од Делчево.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Поврзани содржини