ГАЗДА ДЕКО НАСКОРО ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР Помина законскиот рок од максимум една година притвор по обвинението

Според Законот за кривичната постапка тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението, а тој рок завршува на 3 октомври 2026 година.

74

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов Деко ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за Телма.

Газда Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март 2025 година загинаа 63 луѓе, а над 222 беа повредени во катастрофален пожар, за неполн месец ќе се брани од слобода во кривичниот процес што е во тек против него и уште 32 физички лица.






Според Законот за кривичната постапка тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

„Ве известуваме дека мерката притвор, определена против првообвинетиот Дејан Јованов од страна на кривичниот совет е продолжена до 3.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 3.10.2025 година и согласно законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот. Со цел да се обезбеди непречено присуство во понатамошниот дел од судската постапка, Судот, согласно досегашната пракса, по службена должност, по истекот на законскиот рок за мерката притвор, определува дополнителни мерки за претпазливост и обезбедување на обвинетиот“ изјавија за Телма од Основен кривичен суд – Скопје

Јованов беше приведен веднаш после пожарот во дискотеката на 16 март, а му беше одреден притвор на 23 март, лани.

Обвинети се и неговиот брат Тодор Јованов, на кој мерката куќен притвор му е укината откако дал гаранција од околу 320.000 евра во недвижен имот. Обвинет е и синот на Јованов, а за него има изречени мерки на претпазливост.

Дејан Јованов во неколку наврати бараше укинување на притворот поради влошена здравствена состојба, но Судот не го прифаќаше барањето. На неговите барања родителите на жртвите остро реагираа и велеа дека кај нав се создава чувство дека случајот се минимизира и дека човечките животи се ставаат во втор план.

Во минатите неколку месеци судот за петмина обвинети кои биле во куќен притвор прифатил гаранции и ги ослободил, а тоа за Јане Јанчевски, Митко Стојанов, Мартин Ѓорѓиев , Стојанчо Димитриев и Беким Хаџиу.

Според Законот за кривичната постапка притворот може да трае најмногу до една година, ако за кривичното дело може да се изрече казна затвор до 15 години и до две години, ако за кривичното дело може да се изрече доживотен затвор.

Обвинетите се товарат за Тешки дела против општата сигурност, според член 292 став 2 од Кривичниот законик, за што е пропишано дека сторителот ќе се казни со затвор најмалку 3 години, без горна пропишана граница.

Поврзани содржини