ИЛИ ОВА ИЛИ ВОЈНА СО САД Иранската револционерна гарда ги соопшти условите за мир
Револуционерната гарда претходно денеска објави дека новата „ограничена зона“ надвор од Ормускиот Теснец ќе вклучува делови од Оманскиот Залив и областите пошироко.
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната со САД би можела да заврши доколку Вашингтон престане да му се заканува на Иран и да одговори на условите што ги постави Техеран, вклучително и оние поврзани со нуклеарната програма.
– Доколку Америка сака да ја заврши оваа ситуација, таа мора, покрај целосното запирање на војната, да се воздржи од повторување на заканите, да ја повлече израелската армија од Либан, да ја прекине блокадата наметната врз Јемен, да ослободи 24 милијарди долари замрзнати ирански средства и да го запре секое мешање во нуклеарните и ракетните капацитети на земјата – изјави портпаролот на Револуционерната гарда, Хосеин Мохеби, објави новинската агенција Фарс.
Револуционерната гарда претходно денеска објави дека новата „ограничена зона“ надвор од Ормускиот Теснец ќе вклучува делови од Оманскиот Залив и областите пошироко, истакнувајќи дека нејзините прецизни координати ќе бидат објавени подоцна.
Мохеби изјави за државната телевизија дека областа „започнува приближно кај Чабахар“ и вклучува дел од Оманското Море и друг дел од Арапското Море, предупредувајќи дека секој брод што ќе влезе во неа без координација ќе се соочи со „казнени мерки“.