5 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ НА КОНЦЕРTOТ НА ДЕЈВИД ГЕТА Полицијата оцени дека вечерта поминала без поголеми нарушувања
Оценката на полицијата е дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект, но и за одвивањето на сообраќајот.
Пет лица биле приведени на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Според информации од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно 5 лица.
Оценката на полицијата е дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект, но и за одвивањето на сообраќајот.
Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.