МЕРЦ ГО НАРЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ НА АФД ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ Што се крие зад контроверзната „ремиграција“?

Победата на АфД во Саксонија-Анхалт се пресели од гласачките кутии во Бундестагот. Канцеларот Фридрих Мерц удри по „ремиграцијата“, а Алис Вајдел му порача дека гласачите веќе му ја испратиле сметката.

165

Германскиот канцелар Фридрих Мерц пред пратениците во Бундестагот ја изедначи политиката за „ремиграција“ на Алтернатива за Германија(АфД) со етничко чистење. Излагањето на Мерц уследи откако потпретседателката на АфД Алис Вајдел веднаш возврати дека владејачката коалиција на Мерц е завршена.

Жестокиот судир дојде само 3 дена по убедливата победа на Алтернатива за Германија во источната покраина. АфД освои 43,8 отсто од гласовите, а ЦДУ падна на 17,2 отсто.






Партијата на Мерц загуби повеќе од половина од претходната поддршка. АфД, пак, повеќе од двојно го зголеми својот резултат.

Мерц удри со „етничко чистење“

Канцеларот го насочи нападот кон еден од најконтроверзните поими во политиката на АфД, „ремиграцијата“. АфД предлага „ремиграција“, односно враќање и иселување мигранти од Германија кои немаат право да останат во земјата.

– Луѓето од мигрантско потекло работат и во стручните занимања (во Германија) – рече Мерц.

Потоа ја изговори најтешката квалификација во дуелот.

– Ако она што го заговарате тука, таканаречената ремиграција, стане реалност, тоа во практика не би било ништо друго освен етничко чистење врз основа на потеклото и бојата на кожата – рече Мерц.

Канцеларот ја нападна АфД и поради нејзината политика кон Русија. Ја обвини дека руските интереси ги става пред германските.

АфД ги отфрла обвинувањата за екстремизам. Партијата тврди дека нејзините противници шират страв и ги навредуваат милионите нејзини гласачи.

Вајдел му ја фрли победата в лице

Претходно Алис Вајдел го отвори своето излагање со порака дека со црно-црвените е завршено.

– Гласачите во Саксонија-Анхалт ви ставија до знаење, на јазикот на демократскиот суверен, црно-црвената коалиција е завршена – му порача Вајдел на Мерц.

Таа го нападна канцеларот и поради задолжувањето на Германија.

– Ја туркате Германија во национален банкрот во рекордно време.

Владата на Мерц минатата година ги олабави строгите германски правила за задолжување. Со тоа отвори простор за поголеми инвестиции во одбраната, инфраструктурата и во климатските политики.

Поврзани содржини