КОРИСТИТЕ ПРОИЗВОДИ БЕЗ ШЕЌЕР И МИСЛИТЕ ДЕКА СЕ ЗДРАВИ? Засладувачот во гумите за џвакање и други производи го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар
Засладувачот ксилитол се користи во голем број производи без шеќер, но научниците нагласуваат дека новите резултати покажуваат поврзаност со зголемениот ризик од мозочен и срцев удар. Научниците укажуваат дека се потребни дополнителни истражувања
Новото истражување претставено на конгресот на Европското здружение за кардиологија (ESC) 2026 година отвора прашања за долгорочната безбедност на ксилитолот, засладувач кој често се користи како замена за шеќер. Научниците откриле поврзаност меѓу повисоките нивоа на ксилитол во крвта и поголем ризик од сериозни кардиоваскуларни настани, вклучително и срцев и мозочен удар.
Го има во гуми за џвакање и бонбони без шеќер, некои печива, сладоледи, намази од јаткасти плодови, пијалаци, како и во одредени витамини за џвакање и сирупи против кашлица. Се користи и во производи за орална хигиена, вклучително и пасти за заби и средства за плакнење на устата.