📽️ СКОПЈЕ СЕ ВПИША НА ЕВРОПСКАТА МАПА НА „МОНОЛИТ“ Дејвид Гета приреди спектакл кој долго ќе се памети

Скопје гледаше големи диџејски сетови на плоштади, во сали, на хиподроми и на ливади. Но во 35 години за првпат има ваков стадионски аудиовизуелен спектакл. Гета неколкупати ја нарече земјата Македонија.

0

Огромниот монолит се издигаше над сцената, пиротехниката го сечеше небото, а светлосните ефекти го боеја преполниот Градски стадион. Илјадници грла ги пееја хитовите на Дејвид Гета. Скопје доби вечер каква што досега немаше на стадион.

Француската диџејска суперѕвезда пред 50.000 публиа го донесе „Монолит“ во Скопје за прославата на 35 години независност на Македонија.






Тоа не беше само уште еден голем диџејски сет.

Македонската публика низ годините гледаше големи настапи на плоштади, во сали, на ливади и на хиподроми. Но ваква стадионска продукција, Скопје немаше во изминатите 35 години.

Стадионот на моменти изгледаше како огромен клуб под отворено небо. Сцената, огромните визуелни елементи, пиротехниката и ласерите работеа во ритам со музиката.

Париз, Марсеј, па Скопје

Токму размерот на „Монолит“ му даде поинаква тежина на скопскиот концерт.

Гета претходно го носеше спектаклот на големите европски сцени. Во јуни имаше 3 вечери на „Стад де Франс“ во Париз. Турнејата мина и низ „Велодром“ во Марсеј, а потоа стигна и на Националната арена „Тодор Проески“.

Вечерта доби и македонски печат. СЕМПРЕ и диџеј Никифор пуштаа и македонски хитови.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Гета ја поздрави Македонија

Публиката пееше хитови што ги препознаваат повеќе генерации. Енергијата не стивнуваше.

Гета неколкупати ја нарече земјата Македонија.

– Ви благодарам Македонијо, немав никакви очекувања за тоа како ќе си поминам тука вечерва, и навистина уживав – рече Гета.

Париз и Марсеј веќе го видоа „Монолит“. Скопје сега доби своја вечер со спектаклот што тешко ќе се заборави.

Поврзани содржини