ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД Потрес од 3,9 степени ги разбуди охриѓани и стружани
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Македонија
Земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Македонија, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.