НАСИЛНАТА ПРОМЕНА НА ИМЕТО Е ЕДНА ОД НАЈЦРНИТЕ ДАМКИ ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА За Тошковски осамостојувањето е најсветол настан во 35-те години независност

За мене лично, една од најцрните дамки што ќе ми остане запаметена, а е негативна, е насилната промена на уставното име, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан да издвои еден настан, кој го смета за позитивен и еден за негативен од осамастојувањето на Македонија до денес.

135

Напозитивен настан е самиот чин на осамостојувањето на Македонија, а најнегативен е промената на уставното име, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан да издвои еден настан, кој го смета за позитивен и еден за негативен од осамастојувањето на Македонија до денес, а по повод утрешното одбележување 35 години независност.

– Има многу настани што би можеле да ги подведеме и во едната и во другата група. Еве, како еден од најпозитивните би го издвоил осамостојувањето на Македонија. Конечно, по многу векови, имаме своја сопствена, самостојна и независна држава, од пред 35 години па наваму, не во рамките на одредена федерација, не во рамките на одреден сојуз, туку токму она што го посакувале огромен број генерации, многу генерации од нашите предци. За мене лично, една од најцрните дамки што ќе ми остане запаметена, а е негативна, е насилната промена на уставното име. Тоа би го издвоил како една од најцрните дамки на поновата македонска историја – истакна Тошковски во гостување на Канал 5.






Поврзани содржини