ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ Е НА САД Трамп објави карта како ја замислува Америка
Оваа објава доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп сподели уште една графика што го прикажува преименувањето на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.
Американскиот претседател Доналд Трамп сподели мапа на својот профил на Трут соушл на која се прикажани целиот континент Северна Америка и околните територии под знамето на САД, што е најновата во низата провокативни објави поврзани со географија и територијални претензии.
Сликата го прикажува американското знаме како ги покрива Соединетите Американски Држави, како и големи делови од Канада, Гренланд и од Мексико, додека визуелни елементи во американски стил се појавуваат во други делови од регионот. Во објавата нема никакво објаснување од Трамп.
Оваа објава доаѓа еден ден откако претседателот Трамп сподели уште една графика што го прикажува преименувањето на американската држава Ново Мексико во Нова Америка, со прецртан збор Мексико и заменет со зборот Америка. Белата куќа не најави официјален напор за промена на името на федералната држава.
Гувернерката на Ново Мексико, Мишел Лухан Гришам,објави на Икс дека името на државата „не е предмет на дебата“, обвинувајќи го Трамп дека преобојува мапи додека работничките семејства се борат со растечките трошоци за гориво.
Сенаторот Мартин Хајнрих напиша на Икс: „Три работи што секогаш ќе ги нарекувам со нивните вистински имиња… Мексиканскиот Залив, Езерото Онтарио, Ново Мексико“.
Претставничката Мелани Стенсбери, исто така, ја отфрли идејата, велејќи: „Ние сме од Ново Мексико. Точка“.
Пратеникот Гејб Васкез рече дека Трамп не може да го „избрише Ново Мексико“, неговата историја или неговата култура.