ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД 2,6% ВО АВГУСТ На месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%

Според Државниот завод за статистика, во август на годишно ниво цените пораснале за 2,3%, а во однос на претходниот месец тие се намалиле за 0,2%

34

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2026 година во однос на август 2025 година, бележи зголемување од 2,6%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,3%, објави Државниот завод за статистика.

На годишно ниво зголемување на трошоците на живот има во сите оддели. И тоа кај Храна и безалкохолни пијалаци од 1%  Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 9,4%, Домување, вода, електрична енергија,гас и други горива од 3,8% , Облека и обувки од 2,1% Рекреација, спорт и култура од 8,8% Ресторани и услуги за сместување од 4,8% и транспорт од 3,4% и услуги за образование од 5,0%






На месечна основа инфлацијата во август изнесува  0,4%, а цените на мало се намалиле за 0,2%.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 3,1%, Ресторани и услуги за сместување за 2,5%, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,6%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,5%, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,4%, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2%.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 0,8% и Облека и обувки за 0,3%.

Поврзани содржини