РАСТ ОД 86% НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ Приливот по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра

Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација, велат од Дирекцијата.

20

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) соопшти дека во периодот јули 2024 – јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,38 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот  јуни 2017 – мај 2019 година.

Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра.






– Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација – велат од Дирекцијата.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), додаваат оттаму, активно работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.

Поврзани содржини