ОГРАБЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО ВЕЛГОШТИ Крадците ја искршиле влезната врата
Од црквата се одземени пари и други вредни предмети, соопшти Охридската полиција.
Во СВР Охрид вчера е пријавено дека во периодот од 04 до 06.09.2026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата ,,Св.Никола“ во охридското село Велгошти, од каде се одземени пари и други предмети.
Се работи на пронаоѓање на сторителот и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.