КАРЛЕУША ГИ ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНИТЕ НА ЌЕРКИТЕ ВО ФУСТАН ОД МАКЕДОНСКА ДИЗАЈНЕРКА Со поранешниот сопруг приредија луксузна прослава за 50.000 евра
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно ги прославија родендените на своите ќерки, а пејачката се појави во златен фустан од македонското ателје „Жана“.
Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ приредија голема прослава во Белград по повод 18-тиот роденден на нивната постара ќерка Атина и 17-тиот роденден на помладата ќерка Ника. Двете сестри се родени на 7 септември, со една година разлика, па семејството традиционално го одбележува нивниот заеднички роденден. Прославата била организирана во хотел „Хилтон“, а според српските медиуми, за неа биле издвоени околу 50.000 евра.
За свечената вечер Карлеуша избрала долг златен фустан со впечатливо деколте, дело на македонската дизајнерка Жана, односно ателјето „Жана“.
View this post on Instagram
Целото семејство позираше заедно пред фотографите пред почетокот на забавата. Атина носи краток златен фустан, додека Ника избрала елегантна креација украсена со циркони.
View this post on Instagram
На прославата имало околу 200 гости, а српските медиуми претходно објавија дека хотелот и менито чинеле околу 150 евра по човек, што за 200 гости би изнесувало околу 30.000 евра. На масите биле сервирани различни домашни и меѓународни специјалитети, а салата била уредена со пастелни тонови, свежо цвеќе и посебен простор за фотографирање.
Посебно внимание привлекле и роденденските торти. Тортата на Атина имала шест ката и била во златна боја, во склад со нејзиниот фустан, додека тортата на Ника имала пет ката и била украсена со детали што наликуваат на скапоцени камења. Пред гостите, Атина одржала краток говор и им се заблагодарила на своите родители за тоа што, како што рекла, секоја година ѝ ги исполнуваат желбите.
Интересно е што Карлеуша и Тошиќ, иако одамна не се во брак, заедно учествувале во организацијата на големиот семеен настан. Тошиќ претходно потврдил дека тој ќе ги покрие трошоците за прославата и дека самиот ја избрал музичката група, додека Карлеуша ја презела организацијата на останатите детали.