ПОЧЕСНА АРТИЛЕРИСКА СТРЕЛБА ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ Ќе бидат испукани 10 плотуни почнувајќи од 19 часот
Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба, при што ќе биде истрелан еден плотун од шест артилериски орудија.
По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, во Скопје денеска, 7 септември, ќе се слушне почесна артилериска стрелба.
Од Армијата информираат дека стрелбата ќе се реализира во касарната „Илинден“, со почеток во 19 часот, од страна на единицата на Артилерискиот баталјон.
Ќе бидат истрелани вкупно 10 плотуни од шест артилериски орудија, како дел од протоколарните активности по повод државниот празник.
Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба, при што ќе биде истрелан еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е традиционален дел од одбележувањето на Денот на независноста.