ИВА МИХАЈЛОВА НЕ Е САМА, ЗАД НЕА СТОИ БУГАРИЈА Шефицата на бугарската дипломатија ѝ пратила поздрав преку мајка ѝ

Шефицата на бугарската дипломатија нагласила дека Бугарија останува цврсто посветена на напорите за брзо и успешно завршување на случајот.

157

Бугарската влада ќе вложи максимални напори за да се постигне правда во случајот на Ива Михајлова, изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова по средбата со Христина Михајлова, мајка на Ива Михајлова, околу чие судење во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат, Бугарија веќе подолго време врши силен притисок на различни нивоа, пишува Експрес.

Петрова изразила институционална, но и „лична загриженост и емпатија“ за сериозната здравствена состојба на 23-годишната двојна државјанка и за „тешката ситуација во која се наоѓаат таа и нејзиното семејство“.






Министерката ја информирала Христина Михајлова за активностите што МНР ги презело досега во врска со одбивањето на македонските власти да ѝ дозволат на Ива да замине на лекување во странство. Бугарија ја обезбедува потребната поддршка за најдобра правна заштита во случајот, додала Петрова.

Шефицата на бугарската дипломатија нагласила дека Бугарија останува цврсто посветена на напорите за брзо и успешно завршување на случајот.

„Ве молам да ѝ пренесете на Ива дека не е сама и дека може да продолжи да смета на нашата поддршка во овој тежок момент за неа и за вас“, ѝ порачала Петрова на Христина Михајлова.

Случајот со Ива ескалира со неодамнешното присуство на шест бугарски пратеници на нејзиното судење и со настапите на нејзиниот татко Симеон Михајлов во бугарските медиуми, на што македонскиот премиер Христијан Мицкоски реагира со повик до соседот да го испорача бегалецот од македонската правда, осуден на 12,5 години затвор во случајот „Детонатор“.

Поврзани содржини