ОСМА ЖРТВА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Почина 70-годишник од Драчево

Досега сите починати во земјава од западнонилска треска се возрасни мажи кои имале придружни болести. 

104

Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина 70-годишник од скопско Драчево кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести, потврди за Телевизија 24 министерот за здравство Сашо Клековски.

Пациентот бил во критична состојба и имал неколку коморбидитети.






Досега сите починати во земјава од западнонилска треска се возрасни мажи кои имале придружни болести.

Последната официјална бројка на заболени од вирусот годинава беше 55 лица.

Поврзани содржини