🎥 ГЕЈ ПАРАДАТА СЕ СПОИ СО СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ Во Белград се вееше и транспарент „Студентите победуваат“
Врската меѓу ЛГБТ-активистите и студентското движење не е нова. Уште на протестот на „Квир збор“ на 30 јуни низ Белград беа носени два големи транспаренти – „Има место за сите нас“ и „Студентите победуваат“. Претставниците на ова движење тогаш јавно соопштија дека ги поддржуваат студентските барања, вклучувајќи го и барањето за распишување предвремени парламентарни избори.
Белградската Парада на гордоста годинава доби силна политичка димензија и практично се спои со повеќемесечниот студентски протестен бран во Србија. На Прајдот, кој во саботата се одржа под слоганот „Има место за сите нас“, се појавија студенти и поддржувачи на студентското движење, а во колоната беше носен и транспарент со пораката „Студентите победуваат, излези и гласај“.
Учесниците се собраа во паркот Мањеж, по што колоната тргна низ централните белградски улици под силно полициско обезбедување. Организаторите годинава однапред најавија дека Прајдот ќе има нагласен протестен карактер и дека солидарноста со студентите ќе биде дел од манифестацијата. На официјалната страница на Белград Прајд беше наведено дека не можат да го игнорираат полициското насилство врз студентите и граѓаните, политичките затвореници и неисполнетите студентски барања.
View this post on Instagram
Со тоа, традиционалните барања на ЛГБТ-заедницата – донесување закон за истополови заедници, регулирање на родовиот идентитет и посилна заштита од дискриминација и насилство – годинава беа придружени со барања поврзани со функционирањето на институциите и одговорноста на власта. Организаторот Горан Милетиќ потсети дека поминале 25 години од првата Парада на гордоста во Белград, но дека очекуваните големи општествени промени сè уште не се остварени.
Врската меѓу ЛГБТ-активистите и студентското движење не е нова. Уште на протестот на „Квир збор“ на 30 јуни низ Белград беа носени два големи транспаренти – „Има место за сите нас“ и „Студентите победуваат“. Претставниците на ова движење тогаш јавно соопштија дека ги поддржуваат студентските барања, вклучувајќи го и барањето за распишување предвремени парламентарни избори.
Годинашниот Прајд се одржа во период на продолжени политички тензии во Србија. Студентските блокади и протести, кои започнаа по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, прераснаа во пошироко движење кое бара институционална одговорност и политички промени. Во последните денови студентите обвинија и дека дел од нивните активисти биле цел на шпионски софтвер, додека претставници на власта ги отфрлаат тие обвинувања.
Така, белградскиот Прајд во 2026 година излезе од рамките на манифестација посветена исклучиво на правата на ЛГБТ-заедницата. Присуството на студентите, транспарентите за нивна поддршка и одлуката на организаторите отворено да застанат зад протестното движење го претворија настанот и во дел од поширокиот фронт на граѓански протести што веќе подолго време ја потресуваат Србија.