ЈА ПРЕТЕПАЛ ВО ДОМОТ, ПА ЈА СИЛУВАЛ Гостиварка го пријавила партнерот, случајот го истражува полицијата
40-годишна гостиварка во полиција пријавила дека била физички и сексуално нападната од својот вонбрачен сопруг во нејзиниот стан.
40-годишна жена од Гостивар пријавила дека била физички и сексуално нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг.
Според пријавата во полицијата, нападот се случил во ноќта меѓу 1 и 2 септември, во нејзиниот стан во Гостивар. Таа тврди дека А.С. прво физички ја нападнал, а потоа извршил сексуален напад врз неа.
Жената го пријавила случајот во Полициската станица Гостивар на 4 септември во 19:10 часот.
Полицијата работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат преземени понатамошни мерки.