45 МИНУТИ СЕ ЧЕКА НА БОГОРОДИЦА Зголемен сообраќај на патиштата, АМСМ со предупредување за одрони

На ГП Богородица се чека околу 45 минути за излез од Македонија. АМСМ известува за зголемен сообраќај и предупредува на можни одрони на повеќе делници.

24

Околу 45 минути се чека за излез од Македонија на граничниот премин Богородица, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на возила на патиштата надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Од АМСМ ги издвојуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини