ТУРЧИН ПРИВЕДЕН ВО ОХРИД ПОРАДИ ПРОСТИТУЦИЈА Полицијата го сомничи дека врбувал и намамувал лице

Р.К. бил приведен на булеварот Туристичка, а полицијата го сомничи дека врбувал или намамувал лице заради проституција.

113

24-годишен турски државјанин од Истанбул е приведен во Охрид поради сомнение дека учествувал во врбување и намамување лице заради вршење проституција.

Од МВР информираат дека Р.К. бил лишен од слобода вчера во 11 часот на булеварот Туристичка во Охрид.






Според пријавеното, тој е осомничен дека врбувал, поттикнувал или намамувал лице, односно учествувал во негово предавање на друго лице со цел да биде вклучено во проституција.

Полицијата продолжува со расчистување и документирање на случајот, по што против 24-годишниот Турчин ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Засега од МВР не соопштуваат повеќе детали за случајот.

Поврзани содржини