📽️ БИЈОНСЕ ПРОДАВА ПРАЗНА КУТИЈА ЗА ПЧЕЛИ ЗА 948,01 ДОЛАРИ Пејачката за својот роденден го шокираше светот со новиот производ

Ограничената „Bey Keeper Collector’s Box“ е направена во само 500 примероци, а цената е намерна референца на датумот на раѓање на пејачката.

52

Бијонсе го прослави својот 45-ти роденден со нова колекција производи, но еден од нив особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели – дрвена кутија која чини речиси 1.000 долари, а се продава празна.

На официјалната интернет-продавница на пејачката е понудена „Bey Keeper Collector’s Box“ за 948,01 американски долари, што е околу 840 евра. Производот е дел од одбележувањето на 20-годишнината од нејзиниот втор студиски албум „B’Day“.






Кутијата е дизајнирана за чување и изложување на винилните плочи на Бијонсе, но купувачите треба да знаат една важна работа – плочите не се вклучени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Parkwood Entertainment (@parkwood)

За сумата од 948,01 долари се добива само самата колекционерска кутија.

Производот е изработен од масивно борово дрво, со внатрешност обложена со зелено кадифе. Има украсни детали, златен хардвер и рачка со изглед на кожа од алигатор. Кутијата е инспирирана од традиционалните сандаци за пчелари, што се вклопува во препознатливиот „BeyHive“ концепт на Бијонсе.

Дополнителна вредност за колекционерите е тоа што се произведени само 500 нумерирани примероци.

Но, токму цената предизвика најголема реакција.

На социјалните мрежи фановите се шегуваат дека за речиси 1.000 долари очекувале во кутијата да има барем винил, маица или некој друг сувенир. Дел од коментарите ја опишуваат кутијата како прескапа, додека други сметаат дека станува збор за луксузен колекционерски предмет наменет за најголемите обожаватели.

Цената, сепак, не е случајна.

948,01 долар е директна референца на датумот на раѓање на Бијонсе – 4 септември 1981 година, напишан во американскиот формат како 9/4/81. Таа дата е поврзана и со песната „Get Me Bodied“ од албумот „B’Day“.

Покрај необичната кутија, во новата колекција има и винил изданија на „B’Day“, маици, дуксери, свеќа и други производи инспирирани од албумот. Официјалната продавница ја нуди и луксузната делукс верзија на винилот по цена од 149,98 долари.

Сепак, токму празната кутија стана главна тема.

За некои фанови таа е редок колекционерски предмет. За други, пак, прашањето е едноставно:

Поврзани содржини