ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ ДО 36 СТЕПЕНИ Жештините ќе продолжат и во следните денови

Сончево и топло време со мала до умерена облачност ја очекува Македонија, а максималните температури ќе достигнат 36 степени.

1

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ја очекува Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 степени во Маврово до 36 степени во Гевгелија.






Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 до 35 степени.

Во недела времето ќе остане сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните дневни од 27 до 37 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 29 до 38 степени.

Стабилното и топло време ќе продолжи и во наредните денови, со постепено зголемување на максималните температури, кои во понеделник на места ќе достигнат и 38 степени.

Поврзани содржини