📽️ ЈА ВРЗАЛ БИВШАТА ДЕВОЈКА, ЈА СТАВИЛ ВО БАГАЖНИКОТ И ГО ТУРНАЛ АВТОМОБИЛОТ ОД НАДВОЗНИК Им рекол на полицајците дека го изневерила и тој скокнал во бездната

46-годишната Лорена успеала да се јави на итниот број 112 и да ѝ ги каже на полицијата својата локација и регистарската ознака на автомобилот, но трагичниот исход не можел да биде спречен.

289

Италија е потресена од тешкото злосторство во близина на гратчето Барберино ди Муџело, недалеку од Фиренца, каде што 36-годишниот Федерико Вела извршил самоубиство, скокајќи од надвозник на автопатот, откако во бездна го турнал автомобилот во чиј багажник се наоѓала неговата поранешна девојка Лорена Ишери (46), која претходно ја претепал и ја врзал.

Како што објавува „Кориере дела сера“, на местото на трагедијата пристигнала полицијата од Фиренца, која го истражува случајот како убиство и самоубиство.






Лорена потекнувала од Лече, град во јужниот дел на Италија, а работела во маркетинг-компанија во Фиренца. Вела, пак, бил менаџер во компанија за изнајмување автомобили.

Сѐ започнало во фирентинската населба Рифреди, каде што Лорена го паркирала автомобилот. Таму ненадејно се појавил Федерико, кој веднаш ја нападнал и, според досегашните информации, ја онесвестил.

Потоа ѝ ги врзал рацете и нозете и ја ставил во багажникот на нејзиниот автомобил. Со неа во багажникот го ставил и нејзиниот ранец, во кој се наоѓал мобилниот телефон.

По извесно време, Лорена се освестила и се обидела да се ослободи, но не успеала.

Сепак, бидејќи рацете ѝ биле врзани пред телото, успеала некако да го извади телефонот од ранецот. Прво се обидела да ја повика мајка си, но разговорот бил прекинат.

Потоа повикала пријател, но и тој разговор набрзо бил прекинат.

На крајот успеала да се јави на итниот број 112. На полицијата ѝ кажала која е, кој е мажот што ја нападнал и ја диктирала регистарската ознака на автомобилот во кој се наоѓала.

 

Разговорот со полицијата траел околу 20 минути, по што врската била прекината.

Полицајците веднаш сфатиле колку е сериозна ситуацијата и успеале да го лоцираат нејзиниот мобилен телефон во автомобилот, кој се движел по автопатот А1.

Откако надзорните камери го регистрирале возилото, полицијата веднаш упатила патрола кон делот од автопатот каде што се движел автомобилот.

Една од полициските патроли набрзо го забележала возилото на самиот раб од надвозникот.

Само неколку моменти претходно, Федерико го отворил багажникот и видел дека Лорена го држи телефонот во рака.

„Што правиш?“, ѝ викнал тој, додека таа повторно разговарала со полицискиот оперативен центар.

Во тој момент Федерико го турнал автомобилот од надвозникот висок околу 40 метри. Лорена сѐ уште била жива во возилото.

Полицајците веднаш притрчале, а дел од нив ги вклучиле камерите што ги носеле на градите.

– Што направи? – го прашале полицајците.

Само неколку моменти пред да скокне во бездната, Федерико им одговорил дека Лорена „го изневерила“.

– Лошо се однесуваше кон мене, ме нападна – биле неговите последни зборови, според досегашните информации.

По неколку минути пристигнала итната медицинска помош. Лекарите, сепак, не можеле да направат ништо повеќе освен да ја констатираат смртта на Лорена и на Федерико.

Според првичните информации од полицијата, Лорена претходно никогаш не го пријавила поранешниот партнер за насилство.

Поврзани содржини