БЕСНЕЕ ПОЖАРОТ ВО ГРАЧАНИ, МОЖНИ СЕ НОВИ НАВЕВИ ОД ЧАД ВО СКОПЈЕ Ангелов очекува ноќеска да се воспостави делумна контрола врз овој пожар

Ангелов апелира до граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар и да пријават сомнително однесување. Тој вели дека пожарникарите треба да се насочат кон гаснење на големите пожари, и дека не треба да се трошат силите на нови жаришта.

319

Активни се два поголеми пожара во земјава кои зафаќаат поголема површина и се комплексни за гасење.

Првиот е на територија на Скопје, во општина Ѓорче Петров, во селата Грачани и Никиштане.






– Во овој момент двете села не се загрозени од пожарот иако кај населението постои одредена загриженост – вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот навлезе во земјава од Косово пред 3 дена. За негово гаснење се делува и од земја и од воздух, но за жал се уште е активен.

– Синоќа почна да дува ветер со насока од пожарот кон градот Скопје и чадот можеа да го почувствуваат скопјани од повеќето скопски општини. Чадот предизвика вознемиреност меѓу поголем дел од населението на градот Скопје. Рано утрово врз овој пожар дејствуваа скопските пожарникари засилени со неколку тимови од Дирекцијата за заштита и спасување и со пинцауери. Тие работат по линијата на огнот и се обидуваат да ја намалат. Од воздух поддршка дава еден армиски хеликоптер, еден полициски хеликоптер, како и два ер тракора. Очекувам до доцна вечерва овој пожар да биде ставен под делумна контрола – рече Ангелов.

Вториот голем пожар е во Струга и граничи со Дебар. Линијата на огнот е многу голема, а пожарот се одвива на тешко пристапен терен, зафаќа мешовита шума, нискостеблести растенија, грмушки. Таму попладне ќе се гасне со ер тракторите.

Вчера биле подметнати два пожара на Китка, еден во Студеничани, а друг во Зелениково, но се изгаснати.

Ангелов апелира до граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар и да пријават сомнително однесување. Тој вели дека пожарникарите треба да се насочат кон гаснење на големите пожари, и дека не треба да се трошат силите на нови жаришта.

– Некој упорно подметнува пожари на планината Жеден – нагласи Ангелов.

И покрај дождот, бројот на пожари во Македонија не се намалува. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 31 пожар.

Поврзани содржини