ПИЈАН КРШЕЛ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ДЕБАР Доби пријава за 3 кривични дела

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од село Бајрамовци, општина Центар Жупа за кривичните дела Напад врз службено лице, Загрозување на сигурноста и Оштетување туѓи предмети.

1

Пријава за три кривични дела доби Е.А.(29) од селото Бајрамовци, кој кршел инвентар во полициска станица, откако бил уапсен за напад врз полицајци.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од село Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, Загрозување на сигурноста и Оштетување туѓи предмети. На 28.8.2026 година пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, а по негово лишување од слобода оштетил дел од инвентарот во полициска станица“, соопшти полицијата.






По извршените проверки, било констатирано дека пријавениот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили во крвта, се додава во соопштението.

 

 

Поврзани содржини