СТИВ ВИТКОФ И ЏЕРЕД КУШНЕР УТРЕ ДОАЃААТ ВО МОСКВА Ваднаш потоа одат во Киев

Посетата доаѓа во период на засилени дипломатски напори на Вашингтон за повторно отворање на патот кон преговори за прекин на војната во Украина.

137

Специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ќе ја посетат Русија и Украина на 5 и 6 септември, јавија руски медиуми.

„Се очекува тие да пристигнат во Москва, а потоа во Киев, на 5 и 6 септември“, изјави за руските медиуми извор запознаен со плановите на Кушнер и Виткоф.

Посетата доаѓа во период на засилени дипломатски напори на Вашингтон за повторно отворање на патот кон преговори за прекин на војната во Украина. Виткоф и Кушнер во изминатиот период повеќепати престојуваа во Москва и разговараа со руски претставници, додека нивната посета на Киев досега беше одложувана. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 3 септември потврди дека очекува американските пратеници во наредните денови да пристигнат во Киев и дека се утврдени прелиминарни датуми за средбите.

Посетата се случува и во момент кога рускиот претседател Владимир Путин изрази оптимизам дека постои можност за постигнување мировен договор, иако конкретен напредок во преговорите сè уште нема. Американската дипломатија во меѓувреме се обидува да ги приближи позициите на Москва и Киев, а Трамп повторно ја истакна подготвеноста за директно ангажирање во напорите за ставање крај на војната.

Поврзани содржини