РАСТОТ ОД 21,9% НА ГРАДЕЖНИШТВОТО Е ДОБАР ПОДДРЖУВАЧ НА ЕКОНОМИЈАТА Завршени се работи во вредност од 242 милиони евра

Според министерот за транспорт и врски Александар Николоски, овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо.

0

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9% споредено со истиот период минатата година, објави на својот Фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.






„Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија“, напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Поврзани содржини