СЕ СУДРИЈА АВТОБУС И АВТОМОБИЛ ВО МАЏАРИ Повредена патничка во автобусот

Несреќата се случила на улицата Благој Стевковски во скопската населба Маџари.

54

Патничка во скопски автобус вчера завршила во болница со тешки повреди, кога автобусот се судрил со автомобил во населбата Маџари, информираат од полицијата.

„На 02.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица Благоја Стевковски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(60) од с.Пакошево, општина Зелениково и автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, се здобила 63-годишната С.П., која се превезувала во автобусот. Екипа на СВР Скопје извршила увид“, соопшти МВР.






Поврзани содржини