„НАЈПРИЈАТНО АЕРОДРОМСКО ИСКУСТВО ВО ЕВРОПА“ Скопскиот аеродром доби ласкаво признание

Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

45

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната Награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World).

Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.






Ова е 11-та Награда за квалитет на аеродромските услуги, што ја добива Меѓународниот Аеродром Скопје, со што повторно ја потврдува својата позиција меѓу водечките европски аеродроми според квалитетот на услугите и оперативната извонредност. Признанието се темели целосно на оценките и повратните информации од патниците, собрани преку програмата ASQ, водечка светска програма за мерење и споредбена анализа на искуството на патниците на аеродромите.

Наградата ASQ им се доделува на аеродромите што постојано обезбедуваат непречено, ефикасно и беспрекорно патничко искуство. Оценките од патниците ги опфаќаат клучните аспекти на патувањето низ аеродромот, вклучувајќи ја ефикасноста на чекирањето, безбедносните проверки, јасната ориентација и сигнализација, удобноста на терминалот, чистотата и севкупната практичност и удобност за патниците.

ASQ наградите, кои секоја година ги доделува Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World), се меѓу најпрестижните признанија во воздухопловната индустрија. Најновото признание дополнително ја потврдува посветеноста на ТАВ Македонија кон обезбедување висококвалитетно патничко искуство за своите патници.

Поврзани содржини