ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЗАГИНА ОТКАКО УДРИ ВО КУЧИЊА Антонио беше тренер и страстен колекционер на дресови

Антонио Савески потекнуваше од Охрид, а работеше со младите кошаркари во повеќе клубови. Големата љубов кон кошарката ја преточи и во колекција од околу 500 дресови.

62

Трагедијата на патот Охрид-Кичево му го одзеде животот на младиот кошаркарски тренер Антонио Савески. Автомобилот што го управуваше најпрво удри во кучиња скитници, потоа во металните браници и се запали. Савески последниот тренерски ангажман го имаше во младинските категории на скопскиот клуб Ангели.

Савески, роден во 1993 година, потекнуваше од Охрид. Таму ги направи првите кошаркарски чекори, а подоцна почна да работи и како тренер.






Освен во Ангели, беше дел и од Охрид, Вардар и од Водно Санс. Со млади кошаркари работеше и во школата на Водно Партизан.

Кошарката беше голем дел од неговиот живот и надвор од теренот. Савески беше страстен колекционер, а во својата колекција имаше околу 500 кошаркарски дресови.

Трагичната вест ја објави и неговиот последен клуб Ангели.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случи синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево.

„Хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки најпрво удрил во кучиња скитници. Потоа возилото удрило во металните браници покрај патот и се запалило.

Полицијата ја доби пријавата во 23.30 часот. Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а во автомобилот беше пронајдено телото на возачот.

По наредба на јавен обвинител, телото беше предадено на обдукција.

УДРИЛ ВО КУЧИЊА, ПА ВО БАНКИНА, АВТОМОБИЛОТ СЕ ЗАПАЛИЛ Загина возач на патот Охрид-Кичево

 

Поврзани содржини