ЈА ЗАКЛУЧУВАЛА И JA МАЛТРЕТИРАЛА СВОЈАТА 13-ГОДИШНА ЌЕРКА Приведена 45-годишна скопјанка

За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи.

0

Полициски службеници од СВР Скопје денеска изутрина ја уапсија 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка. Според пријавата, мајката често ја држела својата ќерка заклучена во една од собите.

За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.






Поврзани содржини