ДЕЛЧЕВКА ПАДНАЛА ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ ВО АВТОБУС НА ЈСП Патничката добила тешки повреди
Незгодата се случила на булеварот Крсте Мисирков.
Патничка од Делчево паднала во автобус на ЈСП Скопје, во момент кога возилото нагло закочило. Таа е тешко повредена, соопшти полицијата.
„На 2.9.2026 година во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, при кочење од страна на возачот, паднала 67-годишната Г.С. од Делчево. Се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од полицијата.