РУСИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ ФИЛИЈАЛИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ИНСТИТУТ ГЕТЕ Лавров најави контрамерка на потезите на Берлин

Секако, тие ќе бидат затворени откако нашиот културен центар беше исфрлен од Германија, инаку нема да се почитуваме себеси, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

0

Русија ќе ги затвори филијалите на Гете-институтот во Москва, Санкт Петербург и во Екатеринбург, откако Германија одлучи да го затвори Рускиот дом во Берлин, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Секако, тие ќе бидат затворени откако нашиот културен центар беше исфрлен (од Германија), инаку нема да се почитуваме себеси – рече Лавров на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток.






Германската Влада официјално ја обвини Русија дека стои зад минатомесечниот инцидент со дрон на аеродромот „Лајпциг/Хале“ и најави контрамерки. Берлин одлучи на 18 септември да го затвори Генералниот конзулат на Русија во Бон.

Покрај тоа, Германија најави дека ќе го раскине договорот за функционирање на Рускиот дом во Берлин и ќе ги заостри контролите за влез на руски државјани.

МЕДВЕДЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ НА БЕРЛИН СО ДИРЕКТЕН УДАР Путин ги нарече „тешка грешка“ германските обвинувања кон Русија

Поврзани содржини