ПРВО ЈА ТЕПАЛ ДОМА, ПА ЈА ОДВЕЛ ВО ШУМА И ЈА ВРЗАЛ ЗА ДРВО Млад скопјанец ја малтретирал сопругата

27-годишен скопјанец е лишен од слобода по пријава од неговата 21-годишна сопруга дека физички ја нападнал, а потоа ја однел во шумски предел и ја нападнал со тврд предмет.

108

Скопјанец на возраст од 27 години е лишен од слобода под сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна сопруга, а потоа ја однел во шумски предел во Скопје, каде што ја врзал за дрво и продолжил да ја напаѓа.

Според пријавата во полицијата, Љ.Ф.Д. прво ја нападнал жената во семејниот дом. Подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.






Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишникот во 20:40 часот на 1 септември.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини