АГРЕСИВЕН ПАЦИЕНТ ИСКРШИЛ ШАЛТЕР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, НАПАДНАЛ И ПОЛИЦАЕЦ Му барале да плати за медицинска услуга

24-годишен жител на Палатица и двајца вработени се повредени во инцидентот, а младиот маж подоцна завршил на скопските клиники.

63

Инцидент се случил синоќа во Клиничката болница во Тетово, откако 24-годишниот Џ.М. од тетовското село Палатица агресивно реагирал кога од него било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

Според пријавеното во СВР Тетово, Џ.М. го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.






На местото интервенирале полициски службеници, но инцидентот продолжил и Џ.М. физички нападнал и полициски службеник.

Поради сериозноста на повредите, 24-годишникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана медицинска помош.

Полицијата извршила увид на местото, а по целосното документирање на случајот најавува поднесување соодветна пријава.

Поврзани содржини