📷 УСЛОВИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ СО ГРАДСКИОТ ВОЗ СЕ НАВИСТИНА ЕВРОПСКИ Мицкоски за промотивното патување Скопје-Зелениково

Од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски – рече Мицкоски.

249

Овој проект не гки решава сите наши проблеми, но е чекор напред во решавање на дел од проблемите се соочуваме во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со неаизјави премиерот Христијан Мицкоски по денешното промотивно возење со Градскиот воз на релација Скопје-Зелениково, на кое учествуваше заедно со членови на владата, на локалната самоуправа и претставници на ЈП Македонска железница.






Тој ја искористи приликата да се заблагодари и да имм честита на на сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на луѓето од неговиот кабинет, на луѓето од „Македонска железница, инфраструктура и транспорт”, на директорите, министрите и замениците министри, за реализацијата на проектите коишто се дел од Програмата на Владата.

– Исто така, би сакал да се заблагодарам на секој оној којшто вложил атом енергија од своето време за да може ова денеска да стане реалност. Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски – рече Мицкоски.

Тој додаде дека оваа Влада, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи и понатаму да ги реализира проектите за коишто ја добила довербата од народот.

– Тоа е многу важно, затоа што преку реализацијата на проектите вие стекнувате кредибилитет, а преку кредибилитет ја менувате и перцепцијата за самата држава и за системот којшто го управуваме како Влада.

Тој уште еднаш упати благодарност до сите коишто беа вклучени во овој проект. Повторно ќе кажам, вклучувајќи ги и градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од општините Аеродером Кисела Вода и Зелениково, кои давале несебична поддршка при реализација на овој проект.

Честитки и за жителите на Општина Зелениково, кои ќе бидат корисници на оваа линија и за многу кратко време од Зелениково ќе стигаат во центарот на Скопје. И уште многу вакви проекти да ни се случуваат – рече Мицкоски.

Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека ова е почеток на реализацијата на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина.

– Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние – рече заменик претседателот на Владата.

Фото: Влада
Фото: Влада
Фото: Влада
Поврзани содржини