🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ДАДЕ ГОЛ Претседателката ги отвори пензионерските спортски игри

Говорејќи за правата и потребите на пензионерите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека тие треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и одлуките што директно ги засегаат.

127

Со гол од десетина метри претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги отвори 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември, Денот на пензионерите на Македонија.

– Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас – порача претседателката.






Таа истакна дека пензионирањето не значи крај на активниот живот, туку период во кој до израз доаѓаат мудроста, знаењето и животното искуство. Посочи дека спортот не е само физичка, туку и духовна активност, која поттикнува дружење, активност и справување и со успесите и со неуспесите.

Говорејќи за правата и потребите на пензионерите, Сиљановска Давкова истакна дека тие треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и одлуките што директно ги засегаат.

– Во услови на стареење на населението, потребно е посебно внимание кон пензионерите како луѓе со знаење, искуство и потенцијал за придонес во општеството – нагласи таа.

Претседателката порача дека секогаш постои причина да се биде активен и дека животот постојано нуди можности за учење и за создавање.

На учесниците им посака успеси, фер-плеј и витешка борба, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан.

На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.

Поврзани содржини