СДСМ И ФИЛИПЧЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАКО КИНЕСКИТЕ БОТОВИ ВО САД На иста линија се за дата-центрите
„Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови на социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата-центри и системи за вештачка интелигенција“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ-хистеричен само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД. Тоа се гледа во нивното дејствување, лажењето, заплашувањето и хистерија што ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата-центри и да се развива ИТ-индустријата. Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење“, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови на социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата-центри и системи за вештачка интелигенција.
Нам не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДСМ на чело со Венко Филипче, кои се на иста линија со Кина против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.
Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата-центрите, е затоа што тие им се најголема конкуренција.
Но, тоа што не е јасно е кои се целта и интересот на талогот на СДСМ за тоа да го прават во Македонија и оттука да дејствуваат против нашиот стратешки партнер.
Дали СДСМ повеќе би сакал во државата да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ-компании од САД?
Или, пак, СДСМ единствено што знае е развој на марихуана-економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија 70-ина лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе.
Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ-секторот затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот“ – се вели во соопштениетео објавено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.