📽️ КАРЕРАС ЈА ЗАПЕА „ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ“ СО МАКЕДОНСКИТЕ ЅВЕЗДИ Плоштадот Македонија грмеше од овации, емотивен момент што ја крена публиката на нозе

Светскиот тенор и македонските музички ѕвезди заедно ја изведоа познатата македонска песна пред илјадници граѓани на концертот по повод 35 години независност.

391

Светскиот тенор Хозе Карерас заедно со македонските музички ѕвезди ја запеа „Едно име имаме“ пред преполниот Плоштад Македонија во Скопје, во еден од најемотивните моменти на големиот концерт по повод 35 години независност на Македонија.

Светски познатиот тенор застана заедно со македонските изведувачи, а кога започна изведбата на „Едно име имаме“, целиот плоштад се претвори во голем хор.






Публиката со овации ја проследи заедничката изведба, која беше еден од највпечатливите моменти на свечената вечер.

Карерас вечерва настапи на Плоштад Македонија во срцето на Скопје, пред илјадници граѓани, како главна ѕвезда на концертот организиран по повод 35-годишнината од независноста на државата.

Пред настапот на Карерас, публиката уживаше во настапите на голем број македонски музички имиња.

На сцената настапија Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, а дел од најавениот состав беа и Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.

Македонските изведувачи настапија во придружба на Македонската филхармонија, со повеќе од 60 музичари.

Првиот дел од концертот беше специјално подготвен за одбележувањето на 35 години независност, со нови оркестрации и аранжмани на маестро Николче Мицевски.

Со Македонската филхармонија диригираше Сашо Татарчевски.

Потоа сцената му припадна на Карерас, кој пред скопската публика го претставува својот препознатлив репертоар.

Сепак, моментот кога светскиот тенор заедно со македонските ѕвезди ја запеа „Едно име имаме“ несомнено беше еден од моментите што ќе останат запаметени од вечерашниот концерт.

Поврзани содржини