📽️ (ВО ЖИВО) СКОПЈЕ ГО ЧЕКА ХОЗЕ КАРЕРАС, ПЛОШТАДОТ ПРЕПОЛЕН По македонските музички ѕвезди, следува настапот на светскиот тенор
Илјадници граѓани се собраа на Плоштад Македонија на големиот концерт по повод 35 години од независноста на Македонија.
Плоштадот Македонија во Скопје е преполн со граѓани кои вечерва се дел од големиот музички спектакл по повод 35 години од независноста на Македонија. По настапите на македонските музички ѕвезди, публиката сега го очекува Хозе Карерас.
Во моментов трае кратка пауза на концертот, по што на сцената треба да се појави еден од најпознатите светски тенори.
Пред настапот на Карерас, публиката имаше можност да ужива во настапите на Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска.
Македонските музички имиња настапија во придружба на Македонската филхармонија, со повеќе од 60 музичари.
Првиот дел од концертот беше специјално осмислен за одбележувањето на 35-годишнината од независноста, со нови оркестрации и аранжмани подготвени од маестро Николче Мицевски. Со филхармоничарите диригираше Сашо Татарчевски.
Сега вниманието на преполниот Плоштад Македонија е насочено кон главната сцена.
По кратката пауза следува настапот на Хозе Карерас, кој пред скопската публика ќе го изведе својот препознатлив светски репертоар.
Карерас ќе настапи со Македонската филхармонија, со што концертот ќе добие и своето големо финале.
Големиот концерт е бесплатен и отворен за сите граѓани, а се одржува како дел од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија.
Погледнете дел од атмосферата на преполниот Плоштад Македонија пред настапот на Карерас.