📽️ МАКЕДОНИЈА ИМА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ Каратистот Белистојаноски доминираше и во финалето

Македонскиот репрезентативец славеше во категоријата до 67 килограми, а во финалето со 6-0 го совлада Хрватот Боран Берак.

0

Матеј Белистојаноски испиша историја за македонскиот спорт откако го освои златниот медал во карате на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Македонскиот репрезентативец триумфираше во категоријата до 67 килограми, носејќи ѝ го на Македонија првото златно одличје на овие Медитерански игри.






Белистојаноски до златото стигна со четири победи, а во ниту една од борбите не остави простор за сомнеж.

Во финалето македонскиот каратист беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со 6-0.

Претходно, во полуфиналето, Белистојаноски беше подобар од Гркот Балиотис со 5-1, додека во четвртфиналето го совлада Италијанецот Мареска со 2-0.

Со серијата одлични настапи, македонскиот репрезентативец стигна до највисокото место на пиедесталот и го запиша своето име во историјата на македонското учество на Медитеранските игри.

Златото од Таранто е историски успех за Белистојаноски, но и за македонскиот спорт, бидејќи станува збор за првото златно одличје за Македонија на овие Игри.

 

Поврзани содржини