2-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО СО ЛЕКОВИ Трет случај со затруено дете во Кумановско ова лето

Од кумановската болница информираат дека по укажаната медицинска помош детето е стабилно и сè уште е хоспитализирано на одделот за педијатрија.

0

Двегодишно дете од кумановско село било донесено во Општата болница Куманово, откако било затруено со лекови, информираше денеска СВР Куманово.

Случајот бил пријавен вчера, 31 август, во 13.25 часот, од Општата болница Куманово.






Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од кумановската болница информираат дека детето по укажаната медицинска помош е стабилно и сè уште е хоспитализирано на одделот за педијатрија.

Ова е уште еден случај на труење на дете во Кумановскиот регион во последниот период. Во август во болницата беше донесено дете затруено со бензин, а во јули имаше регистриран случај на труење на дете со разредувач и боја. И минатата година беа регистрирани повеќе случаи на затруени деца. Дел од нив испиле средства за чистење и дезинфекција, а во други случаи децата дошле во контакт или испиле лекови.

Поврзани содржини